Кумановската машина продолжува да меле - падна и Чаир
Кумановци беа во водство во најголем дел од мечот, а на моменти имаа и двоцифрена разлика. Чаир водеше само на почетокот со 4-0 и 6-3, а по серијата од 7-0, гостите ја презедоа контролата над резултатот и беа во предност до крајот. На стартот од вториот квартал беше 25-15, Чаир во неколку наврати се доближи на само еден поен негатива, но на средина од третиот период МКК Куманово одиде на +11 (59-48). Домаќините ни тогаш не се откажаа, дојдоа на 72-73, но повторно им недостасуваше последниот чекор за пресврт
Во финишот, на 91 секунди пред крајот, МКК Куманово поведе со 91-83 и се чинеше дека тука е крајот на сите дилеми околу победникот. Чаир повторно се врати во игра и на половина минута пред крајот дојде на 91-93. Сепак, Волер беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а Чаир не го искористи својот напад и повеќе немаше надеж за домашниот тим.
Тоа е четврти триумф по ред за кумановскиот тим, а прв пораз за чаирчани на домашен терен оваа сезона и тоа дури во шестиот натпревар. Првпат во актуелната натпреврувачка кампања Чаир доживеа два пораза во низа откако претходно во првите осум кола претрпе вкупно еден. Мофит одигра извонреден натпревар, постигна 34 поени, но ни тоа не беше доволно за чаирчани. МКК Куманово ги имаше Радукиќ и Луковиќ кои остварија дабл дабл, првиот со 26 поени и 10 скока, а вториот со 17 поени и 13 скока.