Нема крај на кризата на Сити: Јунајтед губеше до 88. минута, а си отиде со трите бода од Етихад (ВИДЕО)

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед го претрпе осмиот пораз во последните 11 меча во сите натпреварувања откако вечерва на домашен терен загуби од својот градски ривал Јунајтед со 1-2.

Неверојатно е што загубија „граѓаните“ на овој меч, но сега барем може да се сфати нервозата што ја демонстрира Пеп Гвардиола последните недели. Голем дел од главните фудбалери се повредени, а оние кои сега мораат да играат за да ги пополнат празнините, едноставно се недостојни за играње во премиерлигаш.

До 88. минута Сити имаше предност по голот на Гвардиол постигнат уште во првото полувреме. Се чинеше дека домашниот тим ќе успее да дојде до победа која би била важна за кревање на самодовербата во екипата, а потоа домашните направија две тешки грешки, несвојствени дури ни за фудбалери од македонското првенство.

Прво, во 87. минута, Матеус Нуњес доби помрачување и прво му ја подари топката на Диало, а потоа се залета и го сруши без потреба во својот шеснаесетник за пенал на Јунајтед по кој Бруно Фернандес израмни од белата точка. Две минути подоцна Мартинез испрати долга топка кон Диало, Едерсон беше несигурен при својот излет од голот, напаѓачот на Јунајтед го лобуваше и потоа низ нозете на Гвардиол ја испрати во мрежата за целосен пресврт на „ѓаволите“.

По овој пораз Сити падна на петтата позиција на табелата, додека Јунајтед се искачи на 12. место, но со само три бода помалку од шестопласираната Астон Вила.