Хајдук два пати водеше, на крајот реми во јадранското дерби
Хајдук има повеќе причини да жали бидејќи два пати водеше, во двата случаја по головите на Калик, во седмата и 36. минута. Риека првиот пат израмни во 12. минута, а на стартот од второто полувреме Селахи го постави конечниот резултат. Ова беше втор дуел на Хајдук и Риека оваа сезона и второ реми откако во септември беше 0-0.
По ваквиот епилог, двете екипи останаа израмнети на врвот на табелата со по 33 бода, а нерешениот резултат можеби најмногу му одговара на Динамо кој остана на „само“ седум бода негатива.