Данската голманка МВП, Клујбер најдобар стрелец на Европското првенство

Иако Норвешка суверено ја освои титулата на Европското првенство, ниедно од индивидуалните признанија не отиде кај ракометарките од оваа селекција.

За МВП на шампионатот е прогласена голманката на данската репрезентација Ана Кристенсен која заврши на второто место по бројот на одбрани на првенството со 40. Најдобар стрелец е унгарската репрезентативка Катрин Клујбер која постигна 60 гола, нејзината колешка од националниот тим Петра Симон е најдобра млада ракометарка, а наградата за најдобар дефанзивец отиде кај Полета Фопа од Франција.

И во идеалниот тим на првенството има само една Норвежанка - централлниот бек Хени Рејстад. Покрај него, место во најдобрата постава има уште за Ана Кристенсен и Ема Фрис од Данска, Тјаша Станко од Словенија, Катрин Кјубер и Викторија Лукач од Унгарија и Татјана Брновиќ од Црна Гора.