
Магдебург го реши Пик Сегед за „пет од пет“, Алборг подобар од Динамо Букурешт
Германскиот гигант се соочи со мал отпор од Пик Сегед на почетокот на мечот (4-4), но потоа ја презема контролата и градеше предност како минуваше времето за на крајот да стигне до 18-15 на полувреме.
Магдебург имаше мала криза на стартот на вториот дел, кога домаќинот намали на еден гол негатива (18-19), но потоа со одлична игра стигна до заслужена победа од 34-30.
Најефикасен во победата на Магдебург беше Оскар Бергендал со седум голови, додека Марио Шоштариќ запиша осум погодоци за Пик Сегед.
Алборг беше одличен во дуелот со најлошата екипа во групата А и на крајот триумфира со 34-28 за четврта победа во елитното ракометно натпреварување.
Победа оствари и Висла Плок во дербито против ПСЖ, иако францускиот тим имаше предност на полувреме од 16-13, но потоа полската екипа успеа да го сврти резултатот во своја корист и да слави со 35-32.
Фото: Facebook/SC Magdeburg