„Цела кариера се плашев да не банкротирам откако ќе се пензионирам“

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл откри дека за време на фудбалската кариера се плашел дека ќе банкротира откако ќе замине во пензија.

Бејл се повлече од светот на фудбалот во 2023 година, а сега во интервју за познат медиум открива дека една работа цела кариера го прогонувала.

„Една работа постојано ме плашееш. Читате вести како луѓе, кога ќе завршат кариера банкротираат. Не знаат како да управуваат со своите пари. Многу спортисти очигледно тргнале на тој пат. Во текот на мојата кариера решив да вложувам пари на различни работи со цел да не ми се случи истото“, кажа Бејл.