Митревски асистираше, Манасков летна како Супермен и погоди од невозможна позиција! (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Пелистер даде голем отпор против шпанскиот гигант Барселона (30-34), а натпреварот во Битола ќе се памети и по неверојатната акција на „зелено-белите“ во последните минути од натпреварот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Голманот на Пелистер, Никола Митревски испрати топка до Дејан Манасков, кој „летна“ како Супермен и постигна гол од невозможна позиција.

Акцијата на битолчани дефинитивно ќе биде еден од најдобрите потези на неделата во ЛШ, ако не и најдобар затоа што изгледаше неверојатно.

Фото: Ѓорѓи Личовски/ЕПА