Пелистер ја измачи Барселона, пристоен пораз на битолчани! (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер го запиша четвртиот пораз во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загуби од Барселона со 30-34 во петтото коло од елитното натпреварување.

Пелистер тргна добро во мечот и имаше водство од 2-1, а потоа и од 9-8, додека Барселона се обидуваше да најде начин како да излезе на крај со македонскиот шампион.

Барселона конечно успеа да направи посериозна разлика во финишот на првото полувреме, кога Пелистер влезе во серија грешки, а гостинскиот тим поведе со 17-13.

Шпанскиот гигант ја контролираше играта во вториот дел и водеше со седум голови разлика (25-18), додека Пелистер заигра подобро во завршницата кога намали на четири голови негатива (30-34).

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дејан Манасков со седум голови, додека Никола Митревски го заврши натпреварот со 13 одбрани. На спротивната страна блесна Ник Хенигман со осум погодоци.