
Синер го декласира Циципас и ќе се бори со Ѓоковиќ за финале на „Шест кралеви“
Циципас не успеа да му парира на Синер, кој очигледно е неколку класи над ривалот од Грција, а тоа го покажа во првиот сет кога му дозволи да освои два гема (6-2).
Синер играше идентично и во вториот сет, каде што Циципас освои еден гем повеќе (6-3), но се збогува од турнирот.
Вториот тенисер на АТП-листата во полуфинале на турнирот ќе се соочи против Новак Ѓоковиќ.
Фото: EPA