
Победнички старт за ТФТ во АБА2 - го надигра Раднички во Крагуевац!
Првата четвртина понуди големо возбудување и предност од 23-22 на Раднички, кој играше одлично и во продолжение, па стигна до +10 (37-27), меѓутоа скопскиот тим успеа во завршницата да намали на седум поени негатива (37-44).
ТФТ заигра одлично на почетокот на второто полувреме, кога успеа да ја анулира негативата и да ја заврши третата четвртина со осум поени предност (68-60).
Екипата од Тафталиџе беше многу добра и во последните 10 минути, па ја одржуваше предноста сè до завршницата кога Раднички блесна и со мини-серија од 7-0 намали на три поени негатива (75-78). ТФТ, сепак, не дозволи целосен пресврт и со сигурна завршница славеше со 84-78.
Најефикасен во редовите на Раднички беше Николиќ со 18 поени, осум скокови и една асистенција, додека во редовите на ТФТ блесна Дејвис со 24 поени и четири скокови.