
Кумановки со победа се простија од Европа
Литванскиот претставник во првиот натпревар на свој терен победи со седум голови разлика и тоа беше премногу за да се надполни во реваншот.
Не се откажаа ракометарките на Куманово и тргнаа боорбено, меѓутоа едноставно немаа сили за повеќе. Треба да се истакне одличниот настап на голманката Горговска која одбрани зицер во завршницата и беше најзаслужна за победата.
Но, исто така одлична во нападот денекса беше и Мителштад со 11 гола, Силва Азеведо додаде десет. На спротивната страна исто така 11 гола постигна Устилаите.