Не се гледаше прст пред око: „Гробари“ го „запалија“ стадионот, судијата го прекина натпреварот (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Партизан и Војводина кој се игра во овој момент е прекинат при водство на домаќините од 1-0.

Се играше 70.минута кога домашните навивачи запалија бакљи околу целиот стадион поради што дојде до густ чад, па арбитрот беше принуден привремено да ги испрати фудбалерите во соблекувалната.