
Почина српскиот бизнисмен кој од Портсмут направи премиерлигаш!
Мандариќ помина многу години во фудбалот во кој почна вложува во 70-тите години од минатиот век.
Најголемата трага ја остави како сопственик на Портсмут кој го купи во 1999 година. Клубот беше во големи проблеми и му се закануваше згаснување, но Мандариќ успеа да го крене на нозе и да го внесе во Премиер лигата.
Во тој клуб го доведе и Роберт Просинечки, подоцна беше сопственик и на Лестер и Шефилд. На Балканот се врати во 2015 година и ја презема Олимпија Љубљана. Со него Олимпија уште во првата година ја освои првата титула по 21 година. Подоцна освои и уште една титулата во првенството и три купа. Од Олимпија замина во 2021 година кога и се повлече од фудбалот.
Мандариќ е роден во Госпиќ, а брзо се преселил во Нови Сад, подоцна замнал во Америка каде што доби и американско државјанство.
Фото: Sheffield Wednesday