Вардар не се ни испоти во Радовиш и остана перфектен

Ракометарите на Вардар лесно ја оправдаа фаворитската улога во Радовиш каде што со триумф од 33-27 ја запишаа шестата победа во исто толку натпревари од стартот на првенството.

Домашниот состав парираше во првите 20-тина минути од натпреварот кога Вардар „додаде гас“ и на полувреме замина со 18-14.

Не се променија многу работите и во второто полувреме во кое Вардар продолжи да го диктира темпото, а како што одминуваше времето разликата стануваше и поголема.

На краојот „црвено-црните“ го добија мечот со шест разлика.

Радовиш по шест кола е последен на табелата и единствен кој се уште е без бодови.