Винисиус и Мбапе го срушија Виљареал, Реал барем до утре ќе биде лидер! (ВИДЕО)

По поразот во градското дерби со Атлетико Мадрид, Реал Мадрид вечерва се врати на победничките патеки со триумф над Виљареал од 3-1.

Од првата минута избраниците на Алонсо беа подобар противник, меѓутоа во првото полувреме не видовме погодоци.

Тоа се промени на саамиот старт од вториот дел кога Винисиус Жуниор по асистенција од Килијан Мбапе го отвори резултатот. Бразилецот постигна и втор гол во 69. минута кога реализираше најстрога казна.

Виљареал не се предаде и четири минути подоцна со еден убав гол на Микаутадѕе се врати во живот. Сепак, во 77. минута останаа со фудбалер помалку кога втор жолт картон заработи Сантијаго Мурињо.

Точка на натпреварот стави Мбапе на десетина минути пред крајот. По осум одиграни натпревар, Реал е лидер со 21 бод, но со натпревар помалку од Барселона која им 19, Виљареал остана на третата позиција со 16.