Ќе биде жешко: Бугарите нè избраа во нивна група на ЕП во одбојка!

Македонските одбојкари денеска ги дознаа своите противници за 34. Европското првенство на кое ќе играме во Бугарија.

Бугарија која е еден од домаќините и носител имаше право да избере една репрезентација, а одлучи токму ние да бидеме нејзината група „Б“ каде што ќе бидат уште: Полска, Украина, Португалија и Израел. 

За Македонија ова учество ќе биде четврто во низа на еден континентален собир, покрај Бугарија, организатори на првенството се уште: Италија, Финска и Романија, а турнирот ќе се одржи од 9 до 26 септември наредната година.