Aталaнта остана непоразена и по шест кола, ремизираше со Комо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атланта и Комо вечерва во последниот денешен натпревар од шестото коло во Серија А ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.

Аталанта уште во една од првите прилики го отвори резултатот преку Самрџиќ кој стрелаше по само шест минути игра. Но, тоа не го откажа и оваа сезона одличниот Комо кој во 19 минута со голот на Пероне дојде до израмнување.

Во продолжение од средбата и двете екипи има свои прилики, меѓутоа резултатот не се промени.

Аталанта така со десет бода сега е на шестата позиција, додека Комо со бод помалку е една позиција подоле. Во следното коло овој тим го чека тежок предизвик против Јувентус, додека Аталанта ќе го пречека Лацио.

 

Фото: Atalanta Bergamasca Calcio