Бешикташ може да жали, Галатасарај доби „подарок“ и избегна пораз во дербито (ВИДЕО)

Големото турско дерби во Турција помеѓу Галатасарај и Бешикташ заврши без победник (1-1), а повеќе можат да жалат гостите.

Бешикташ прв дојде до водство по 12 минути игра кога во листата на стрелци се запиша поранешнииот напаѓач на Челси и Рома, Абрахам. Проблемите за Галатасарај се зголемиј кога Девисон Санчез заработи директен црвен картон во 34. минута.

Со минимална предност Бешикташ замина на полувреме, а Галатасарај по десет минути игра во вториот дел доби подарок кој Гундоган го претвори во гол.

Дефанзивецот на гостите Вилфред Ндиди се сплетка по додавањето од својот голман, Тореира му ја одзема топката и додаде до Гундоган кој реализираше.

По седум победи во првите седум кола за Галатасарај ова беше прв натпревар во кој не успеаа да освојат три бода, но сепак остаануваат лидери со 22 бода, Трабзонспор е второпласиран со 17. Бешикташ од друга страана е петти со 13 бода.

Фото: Galatasaray