Негативна оценка за судијата кој „измисли" пенал против Башкими!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи вечерва околу спорниот момент на натпреварот помеѓу Брера и Башкими во кој струмичкиот тим дојде до бод со гол од пенал во завршницата од натпреварот.

Во својата реакција од ФФМ истакнуваат дека по прегледаниот видео материјал заклучено е дека контактот кој постоел би недоволен за најстрога казна, поради тоа и судијата како што информираат добил „негативна оценка“.

„Сепак, ценејќи го недоволниот интензитет на прекршокот и фактот дека газењето се случува во нормална положба на телото на одбранбениот играч при пад, ВАР-судиите правилно интервенираат и го повикуваат главниот судија на преглед на снимка на терен. Целта е да му го прикажат моментот од кој може да се утврди минималниот интензитет и отсуството на реален импакт од контактот, со можност за промена на првичната одлука.

Согласно ВАР-протоколот, главниот судија е тој што ја носи конечната одлука. Во овој случај тој не го прифаќа советот од ВАР и одлучува да ја задржи првично донесената одлука, пенал, при што прави погрешна проценка на интензитетот и влијанието од газењето.

Поради ваквата погрешна проценка, главниот судија ќе биде негативно оценет од страна на контролорот на судењето“, стои во реакцијата.

Ќе потсетиме, натпреварот на крајот заврши без победник 1-1.