Кјелце уште по првиот меч со ГОГ може да размислува на четвртфинале!

Кјелце славеше убедлива победа на гостувањето кај ГОГ Гудме во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите со што направи огромен чекор кон пласман меѓу осумте најдобри.

Полскиот тим тргна фуриозно од самиот старт, беше 3-3 кога почна неверојатна серија од 7-0 и поведе со 10-3. На одморот се замина со водство на Кјелце од 18-10.

Во вториот дел момците на Талант Душебаев само ја одржаа големата предност за на крајот да слават со 33-25.

Поранешниот вардарец, Алекс Душебаев беше најдобар на теренот со дури девет постигнати голови, Игор Карачиќ погоди еднаш, во составот на Гог, Мадсен реализираше четири.