Ѓулер со прекрасен гол го приближи Реал Мадрид до титулата (ВИДЕО)

Реал Мадрид вечерва триумфира на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1-0 во 33. коло од шпанската Ла Лига, а единствениот погодок беше дело на младиот турски талент Арда Ѓулер.

Ѓулер во 29. минута доби прекрасна асистенција од Дани Карвахал и со силен удар ја испрати топката во мрежата на Ремиро.

Реал Сосиедад во продолжение имаше неколку шанси, но Кепа Аризабалага беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.

„Кралевите“ се први во Ла Лига со 84 бодови, односно 14 бода повеќе од Барселона.