Асистенција на Николов и гол за Емини во победата на Сондерјиске

Сондерјиске славеше убедливо против Колдинг (3-0) во плејофот на Втората данска лига, а одлични на теренот беа македонските интернационалци Сефер Емини и Иван Николов.

Николов асистираше за вториот гол на Сондерјиске во 55. минута кога Агер ја затресе противничката мрежа, додека Емини стрелаше во 78. минута за конечни 3-0.

Содерјиске во моментов е на првата позиција во плејофот за влез во првата лига на Данска.