Кастратовиќ: Имавме шанси да го елиминираме Горење

Екипата на Металург претрпе елиминација од Горење, во рамки на третото квалификациско коло од ЕХФ-купот. Македонскиот претставник одигра само 23-23 против во Скопје, не успевајќи ни да се доближи до негативата која ја понесе од првиот меч во Велење (19-24).

По натпреварот, тренерот на тимот од Автокоманда, Зоран Кастратовиќ, смета дека неговите избраници имале голема шанса да дојдат до посакуваната позитива, но не успеле да одговорат баш најдобро во клучните моменти.  

На пет минути пред крај имавме седмерец и три разлика, исклучување и црвен картон. Со реализиран пенал ќе бевме во полза да ги бркаме тие пет разлика. Како тренер на Металург, морам да испратам честитки за ракометарите, за борбената игра. Горење ја спуштивме на низок број на голови, тоа е екипа што дава над 30 гола во домашниот шампионат. Одигравме коректно во одбраната, но немавме концентрација во моментите кога требаше да постигнеме гол за предност од четири гола. Се уште стојам зад зборовите дека пет гола беа достижни. За разлика од мечот во средата, во односот на играчите постои разлика, истата е небо и земја. Мора да бидеме натпреварувачи, тоа на сите треба да ни биде јасно, изјави Кастратовиќ.