Холандскиот вардарец: Македонците се супер, ама во спортот сѐ им е на живот и смрт!
Пикерот на Холандија, Ларс Кој од оваа сезона настапува за Вардар и веќе почувствувал каква атмосфера знаат да направат Македонците.
Македонските навивачи беа мета на критики на Холанѓаните и Данците, но за Кој ние креираме прекрасна атмосфера.
„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Македонците се што прават, прават со голема страст, понекогаш во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално. Од моето искуство можам да кажам дека тие се отворени и пријателски луѓе, но во спортот секогаш сѐ им е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Бог, ако загубиш си никој и ништо. Јас не го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите. Морам да потенцирам дека атмосферата е фантастична. Во Скопје игравме дерби пред 4.000 навивачи, тоа беше нешто посебно, прекрасно искуство“, рече Кој за македонските фанови и нашиот менталитет.