Ѓер е шампион, а еден грст признанија за Вардар во ЕХФ-магазинот!

Колку ЖРК Вардар беше блиску до титулата во Лигата на шампионите покажуваат и признанијата утрово во ЕХФ-магазинот. Во него вардарки добија најмногу признанија, а дури две од нив се во рубриката „3 ѕвезди“.

Андреа Лекиќ и Амандин Лено се избрани меѓу трите најдобри ракометарки во фајналфор-викендот во Будимпешта. За Лејно не треба зборови, бидејќи таа беше прогласена и за МВП, благодарение на нејзините одбрани од, речиси 50 проценти и во финалето и во полуфиналето.

Лекиќ, пак, не само што беше меѓу најдобрите стрелци во двата меча, туку беше диригент во играта на Вардар со беспрекорна прегледност и идеја во нападот. Покрај нив, трета ракометарка во „3 ѕвезди“ е лидерот на Ѓер, Нике Грот, која беше најефикасна во вчерашното финале со осум погодоци.

Покрај рубриката за најкорисните ракометарки, вардарки добија место и во најатрактивните голови и одбрани. „Вртенката“ на Андреа Лекиќ е најубав гол овој викенд, а Барбара Лазовиќ го доби третото место. Амандин Лејно, пак, има две интервенции во „топ-5“, една на петтото и една на второто место. 

Не треба да се потенцира дека најдобрата одбана ѝ припадна на Ева Киш, онаа со која ги урна црвено-црните сништа.

 

3 ѕвезди - ВИДЕО

топ-5 гола - ВИДЕО

топ-5 одбрани - ВИДЕО