„Имавме среќа што не потпишавме со Лукаку“

Директорот на Интер, Бепе Марота вели дека тие имале среќа што минатото лето не потпишале перманентен договор со Ромелу Лукаку, смета дека тоа им помогнало да го освојат Скудетото.

Интер вчера го славеше јубилејното 20. Скудето, а Мората вели дека е среќен што не го потпишале Лукаку, иако признава дека биле блиску до таков потег.

„Има компонента во животот на која не се обрнува многу вниманието, тоа е среќата. Во случајот со Лукаку ние имавме среќа што не потпишавме“, вели Марота.

„Не можам да кријам дека тој ни беше цел, но работите отидоа во друга насока. Ние изградивме поинаково напад отколку што планиравме, но знаевме за вредноста на Турам и квалитетот на Лаутаро. Потоа ги донесовме и Санчез и Арнаутовиќ. Создадовме еден од најдобрите напади“.

Интер водеше преговори со Челси за потпис на Лукаку, но потоа дозна дека напаѓачот зад грб преговарал и со Јувентус, нероазурите тогаш решија да ги прекинат разговорите и да не потпишат со него.

На крајот тоа се покажа како исправен потег бидејќи Турам и Лаутаро излегоа совршен тандем.