Фановите се „испотепаа“: 200 метри редица за билети за Ф4 2020! (ВИДЕО)

Ракометната еуфорија полека кулминира во Келн пред стартот на полуфиналните пресметки на фајнлфорот, на кој Вардар учествува третпат по ред, а уште отсега турканици и гужви има пред билетите, но не за годинешниот завршен турнир туку за тој идната година.

Редица од преку 200 метри се направи пред билетарите за сите вљубеници во ракометот во германскито град да стигнат до вредното парче хартија и да си го обезбедат местото за следната 2020 година. Келн веќе со години е ракометен центар, кога станува збор за завршницата во Лигата на шампионите, па за разлика од другите спортови, билетите за следниот турнир се продаваат уште на незавршениот актуелен фајнлфор.

Затоа и не чудат овие редици во Келн за да се стигне до место за следниот турнир, нешто што е незамисливо на друго место, а уште помалку во Македонија, каде за да се купи влезница се чека до последен момент.