ЕХФ вторпат ги одби: Словенците и понатаму со намера да се откажат од ЕП!

Второстепената комисија на ЕВРО 2018 денеска ја отфрли жалбата на Словенечката ракометна федерација во врска со случувањата на дуелот против Германија.

Комисијата ја потврди одлуката на првостепената комисија и го призна резултатот 25-25 на овој натпревар, со образложение дека одлуката на судиите била заснована на правила и тие можат да користат видео технологија.

По ваквиот исход, одлуката на судиите е конечна и жалбата на Словенците дефинитивно одбиена, па останува сега да видиме дали скандалот ќе потрае и понатаму со нивно отстапување од еврошампионатот.