Џинот Криштопанс прогласен за играч на мечот! (ФОТО)

Вардар вечерва успеа да направи огромен успех, откако со неверојатен пресврт ја победи Барселона во полуфиналниот меч со 29-27 на фајнл-форот во Лигата на шампиони (ЛШ) во Келн, а наградата за најдобар ракометар на мечот ја доби џинот на „црвено-црните“, Даинис Криштопанс.

Криштопанс експлодираше во второто полувреме, па на крајот го заврши мечот со фантастични десет погодоци од 14 обиди кон голот на Барселона.