Вардар првпат ја брани титулата во Лигата на шампионите во својата сала, „Јане Сандански“, а публиката, изгледа, нема доволно интерес да биде дел од оваа историја. Натпреварот против Нант требаше да биде мала историја, почеток на една поинаква сезона и според тоа се очекуваше полни трибини во „Јане Сандански“. Згора на тоа, противник на Вардар е тимот во кој настапува најуспешниот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров. Меѓутоа ни тој, ни Вардар не беа доволни за публиката да ја наполни салата. Околу 1.500 столчиња зјаат празни и ја грдат глетката на овој спортски празник.