Ден подоцна во „Ланксес арена“: Вени види Вардар! (ФОТО)

По спектакуларниот пресврт кој вардарци го приредија синоќа во „Ланксес арена“, денеска прес-тимот на фајналфор-турнирот извади специјално издание, билтен со случувањата од првиот ден. Насловната е една слика илјада зборови!

На насловната страница од изданието со 32 страници стои фотографија со Рожерио Морас и пишува „Вени види Вардар!“. Домаќините се сетиле славната изрека на Гај Јулие Цезар „Дојдов, видов, победив“ да ја посветат на слатката победа на Вардар.

Внатре има извештај за неверојатниот меч, со наслов „Сензационалниот вардар сврте седум гола разлика во виза за финалето“.

„Десет гола од Даинис Криштопанс и неверојатен борбен дух ја продолжија серијата на изненадувања во ЕХФ Лигата на шампионите, а Барса дозволи низ прсти да ѝ се лизне сигурна предност“, почнува текстот.