Делириум во Норвешка: Алкалоид на пенали до финале од Европскиот куп! (ФОТО)

Македонскиот претставник Алкалоид успеа да стигне до финалето на ЕХФ Европскиот куп иако попладнево загуби на гостувањето кај норвешкиот Рунар со 29-34.

Првиот меч во Скопје минатата недела, заврши со победа на нашиот тим со 42-37 поради што се пристапи кон изведување пенали. Во нив, нашите ракометари беа подобри и славеа со 3-1 со што првпат во својата историја обезбедија пласман во финале од едно европско натпреварување. Во финалниот меч Алкалоид ќе се сретне со АЕК кој беше подобар од Извиѓач.

Алкалоид лошо почна и му дозволи на Рунар брзо да ја анулира предноста од првиот меч, но долго време имаше резултат што го води во финалето. На осум минути пред крајот беше само три гола предност за домашниот тим (30-27), но освојувачот на Купот на Македонија потоа не искористи неколку напади кои се покажаа клучни за конечниот исход.

Во важните моменти се разбрани голманот Бјернстад кој фати неколку зицери, Алкалоид беше без гол околу пет минути, Рунар за тоа време направи серија од 3-0 и се одлепи на шест гола предност (34-28). Алкалоид успеа да намали на -5 и да се избори за изведување пенали. Во нив Норвежаните успеаја само еднаш да погодат, нашите ракометари три пати и со тоа го остварија најголемиот успех во кратката историја на клубот од Автокоманда.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Дамјам Митев со девет гола, додека Мартин Серафимов додаде осум. Алкалоид е трет македонски клуб кој обезбедил пласман во финале од ЕХФ куп, по Вардар кој два пати играше во Лигата на шампионите и Пелистер еднаш во поранешниот Челинџ куп.