Дејвис на големи маки: Веспрем ќе игра ослабен против Вардар

Вардар по сензационалниот пресврт против Барселона (29-27) обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), кадешто ќе се пресмета со Веспрем, но унгарскиот тим се наоѓа во големи проблеми.

Унгарските медиуми пишуваат дека шампионот Веспрем ќе настапи без двајца важни ракометари и тоа капитенот Ласло Наѓ, како и Арпад Штербик.

Од друга страна, Игор Карачиќ се повреди на крајот на мечот против Барселона, па засега не е познато дали ќе настапи во утрешното финале.

Финалето во ЛШ меѓу Вардар и Веспрем се игра утре од 18 часот.