Спортинг вчера не играше, но стана шампион на Португалија - се славеше до сабајле! (ВИДЕО)

Благодарение на поразот на Бенфика на гостувањето кај Фамаликао од 2-0, Спортинг Лисабон доцна синоќа ја завери 24. титула шампион на Португалија.

Зелено-белите синоќа немаа натпревари, но поразот на нивниот вечен ривал значеше дека титулата и теоретски е заверена. На две кола до крајот на првенството Спортинг има осум бодови предност пред Бенфика.

По поразот на Бенфика до раните утрински часови во Лисабон се славеше титулата на Спортинг.