Зидан: Дали ќе бидам тренер на Баерн? Никогаш!

Зинедин Зидан вели дека никогаш нема да биде тренер на Баерн Минхен, со тоа француската легенда се тргна од трката за нов тренер на Баварците.

Французинот беше еден од оние кои се споменуваа како можни наследници на Тухел, па беше прашан дали некогаш би бил тренер на Баерн Минхен.

„Не“, кратко и јасно одговори Зинедин Зидан.

„Ќе го гледам натпреварот од Лигата на шампионите и ќе се надевам дека Реал Мадрид ќе победи“.

Баерн Минхен има проблем да најде наследник на Томас Тухел, веќе неколку тренери ги одбија.