ЖРК Вардар го освои шестиот трофеј во Купот!

Вардарки и со девет играчи лесно го победија Металург со 46-24 и го освоија Купот на Македонија.

Металург имаше водство на самиот почеток, но веднаш вардарки го израмнија резултатот, по што во еден момент стигнаа до пет гола разлика (3-8), а на полувремето заминаа со водство од 12-19.

Немаше никакви дилеми за победникот ниту во продолжението од средбата, а ЖРК Вардар го заврши мечот со победа од 46-24.

Најдобри кај Вардар беа Андреа Кликовац со 12 гола, Јована Саздовска постигна девет, а седум имаше Сара Ристовска.

Кај Металург најдобри беа Јана Калјџиевска и Марија Тасевска со по четири гола.