Врие во Битола: Билетите за Пелистер-Вардар продадени за - седум минути!

Ракометното дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра в сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“, а интересно е тоа што билетите за натпреварот биле продадени за само седум минути.

Битолчани објавија на социјалните мрежи дека имало огромен интерес за вечното дерби, па салата „Боро Чурлевски“ ја распродале за седум минути.

Вардар и Алкалоид по 14 одиграни кола имаат освоено по 26 бодови и се на делба на првата позиција, додека Пелистер е трет со 24 поени.

Претходниот меч меѓу двете екипи, кој беше одигран на 28 септември, заврши со победа на скопскиот тим од 27-24.