Барса влезе во тотална војна со Севиља: Не го дава Фати и ги блокира сите трансфери

Иако претходните децении Барселона и Севиља одлично соработуваа кога станува збор за трансферите или позајмиците на фудбалерите, двата клуба од денеска се во тотална војна.

Се почна во текот на летото кога челниците на Севиља ѝ се налутија на Барселона за „случајот Негреира“, а кулминираше на меѓусебниот дуел на Монжуик кога андалузискиот клуб не испрати свои претставници на традиционалниот ручек и во ВИП боксот. Таквото однесување беше многу чудно за сите имајќи предвид дека Барселона со години беше главен извор на финансиски средства за Севиља затоа што од Андалузија во Каталонија за високи отштети се преселија неколку големи ѕвезди како Дани Алвес,м Адриано, Кеита, Ракитиќ итн., а во спротивна насока на позајмици заминаа исто така многу фудбалери.

Сепак, чашата ја прели информацијата која дојде пред два дена, а која вели дека Севиља е еден од клубовите кои ѝ се заканиле на Ла Лига со тужби ако ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор. Тоа предизвикало голем револт кај челниците на Барселона кои не само што ги прекинале сите контакти со Севиља, туку и ги блокираа сите можни трансфери или преговори за позајмици.

Најмногу од тоа ќе настрада Ансу Фати кого Севиља го контактирала преку тренерот Гарсија Пимиента и за кого била побарана позајмица. Нејасно е со кое лице андалузијците барале такво нешто ако се знае дека со сите сили работеле против Барселона, но сигурно е дека од тоа нема да има ништо.

Фати најверојатно ќе биде проследен на позајмица во Жирона до крајот на сезоната, а потоа ќе се одлучува што ќе се прави со него.