Салах го стигна Анри, наскоро ќе падне и Лампард
На Египќанецот му беа потребни 24 натпревари повеќе отколку на Анри, но сеедно го стигна поранешниот голгетер на Арсенал кого го сметаат за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Следен пред нив двајца е Френк Лампард кој има само два гола повеќе и кој сигурно ќе падне, можеби веќе и до крајот на јануари. За да влезе во топ-5, на Салах му се потребни уште 10 гола бидејќи петтопласираниот Серхио Агуеро застана на бројката 184.
Салах неодамна изјави дека оваа сезона е последна сезона за него во Премиер лигата и поради тоа веројатно нема да стигне до бројката од 200 гола во оваа конкуренција. Досега само тројца фудбалери ја минале таа граница: Вејн Руни (208 гола), Хари Кејн (213) и Алан Ширер (260).