Вардарецот Јасухира потпиша за кувајтската Ал Кадсија!

Јапонецот Косуке Јасухира денеска потпиша краткорочен договор со Ал Кадсија од Кувајт за која ќе игра од 17 до 26 ноември во рамки на Азискиот шампионат.

Кувајтскиот тим информира дека Јапонецот ќе им биде засилување за силниот турнир, а тоа значи дека Јасухира по краткиот ангажман се враќа во редовите на Вардар.

Двократниот европски шампион во тој временски период ќе мора да се снајде без Јасухира на два натпревари, и тоа против Прилеп на 18 ноември и против Вардар Неготино една недела подоцна.