Елмас стартер за Наполи во битката за трофејот во Суперкупот на Италија

Наполи вечерва од 20 часот ќе се соочи против Болоња во финалето на Суперкупот на Италија, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде стартер за актуелниот италијански шампион.

Антонио Конте го избра составот за вечерашниот меч, па така на теренот ќе се најдат Милинковиќ-Савиќ, Ди Лоренцо, Рахмани, Жесус, Политано, Лоботка, Мектоминеј, Спинацола, Нерез, Хојлунд и Елмас.

Екипата на Елмас досега двапати го освои Суперкупот, и тоа во 1990 и 2014 година.