Арсенал е лидер пред Божиќ, ама тоа не е вест што ги радува навивачите
„Топчиите“ се држат на првото место на табелата и во моментов имаат два бода предност во однос на Манчестер Сити. Сепак, фановите не се многу среќни бидејќи традицијата кога станува збор за овој сегмент не му оди во прилог на Арсенал.
Од формирањето на Премиер лигата во 1992 година, лондонскиот тим четири пати бил лидер на табелата пред Божиќ: во 2002, 2007, 2022 и 2023 година. Куриозитет е тоа што во ниедна од овие сезони Арсенал не ја освоил шампионската титула.
И на Микел Артета ваквиот развој на настаните не му е поволен бидејќи ова ќе биде трет пат под негово водство Арсенал да е прв пред Божиќ, а сепак се уште ја чека првата шампионска титула.