Вашингтон постави рекорд во АБА - со 48 поени го спаси Партизан од катастрофа!

Американецот Двејн Вашингтон постигна неверојатни 48 поени и постави нов рекорд во АБА-лигата по број на запишани поени во еден натпревар во регионалното натпреварување.

Кошаркарот на Партизан го урна рекордот на Расел, кој пред три години постигна 46 поени додека настапуваше за Морнар.

Вашингтон запиша дури 10 тројки во мечот против Крка (99-92) и успеа да го спаси Партизан од нова резултатска катастрофа затоа што „црно-белите“ имаа проблеми против еден од најлошите тимови во АБА-лигата.

Фото: EPA