Нејмар реши да се оперира: Бразилецот го чека пауза, па борба за СП 2026!
Сантос потврди дека Нејмар имал успешен оперативен зафат, по што ќе почне со рехабилитацијата која ќе го оддалечи од терените некое време.
Оваа операција доаѓа на крајот на тешката сезона за Нејмар, кој последните три меча за Сантос ги играше повреден и примаше инјекции за да ги издржи болките.
Нејмар по секоја цена сака да се врати во репрезентацијата за која последен пат играше во 2023 година, а овој пат се надева дека Карло Анчелоти ќе го повика за настап на СП 2026.