Навивачите на Реал бараат Винисиус да биде протеран од Мадрид!
Шпанскиот медиум „АС“ им даде можност на своите читатели сами да направат анализа и да го кажат своето мислење за иднината на клубот, а многумина одговориле дека Винисиус треба да замине, а притоа да биде ангажирано квалитетно засилување во офанзивниот дел од теренот.
„Треба веднаш да се продаде Винисиус и темелно да се подготви теренот за следната сезона - два стопери, два играчи за врска и напаѓач“, објави еден од навивачите.
Навивачите бараат најразлични засилувања во нападот, а едно од нив е Душан Влаховиќ од Јувентус.