Фудбалерот кој му ја скрши ногата на Исак нема да добие казна! (ВИДЕО)

Дербито меѓу Тотнем и Ливерпул заврши со победа на актуелниот шампион, но и со тешка повреда на напаѓачот Александар Исак.

Исак постигна еден од головите за „црвените“, но притоа се здоби со тешка повреда по дуелот со дефанзивецот Мики Ван де Вен.

Медицинските прегледи покажаа дека Исак ја скршил ногата, по што се шпекулира дека Ван де Вен ќе добие казна, но набрзо пристигна објаснување зошто дефанзивецот нема да добие санкција.

„Важно е да се погледне како Ван де Вен влезе во дуелот и начинот како се повреди Исак. Ван де Вен се обиде да го блокира ударот на Исак. Важен момент е тоа што повредата на Исак. Стапалото заврши меѓу нозете на ривалот и тогаш се случила повредата на шведскиот напаѓач“, стои во објаснувањето на судиската комисија.

Фото: EPA