Ливерпул ја доби најлошата можна вест за повредата на (пре)скапиот Исак!
Според првичните информации, неговото закрепнување би можело да трае неколку месеци. Швеѓанецот се повреди на дуелот со Тотнем, на кој влезе како резерва на почетокот од второто полувреме и веднаш постигна гол. Сепак, при самиот удар беше повреден по стартот на Мики ван де Вен, по што мораше да го напушти теренот со помош на медицинскиот тим.
Отсуството на Исак, заедно со недостапноста на Мохамед Салах поради Купот на Африканските нации, може да го примора Ливерпул да реагира на јануарскиот преоден рок. Како можен кандидат се споменува Антоан Семењо, додека Уго Екитике засега останува единствен класичен централен напаѓач на располагање на тренерот Арне Слот.
Од Ливерпул сè уште нема официјална потврда за точната дијагноза на повредата.
ФОТО: EPA PHOTO