Историска иницијатива: Балканските земји обединети во трка за ЕУРО 2036 (ВИДЕО)

Објавена е петиција со која се повикува Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно да ја разгледа можноста Балканскиот регион да биде домаќин на Европското фудбалско првенство во 2036 година.

Според иницијаторите, фудбалот на Балканот претставува многу повеќе од спорт - тој е длабоко вкоренет дел од културата и идентитетот на народите во регионот. Балканските земји низ историјата создале врвни фудбалери, легендарни клубови и навивачка култура која важи за една од најстрастните на континентот.

Во петицијата се нагласува дека регионот располага со сè поголем број модерни стадиони, како и со потенцијал за значителен економски, туристички и општествен развој доколку биде избран за домаќин на едно вакво големо натпреварување.

Како потенцијални организатори се споменуваат Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Хрватска, а петицијата може да се потпише ТУКА.