Нема крај на проблемите на Јунајтед – се повреди Бруно Фернандеш
Португалецот беше принуден да го напушти теренот на полувремето, а се повреди при еден дуел со Амаду Онана. За шест години откако е член на Јунајтед, Фернандеш пропушти само два натпревара поради повреда и еден поради болест што е најдобар доказ за неговата посветеност.
„Мислам дека ќе пропушти неколку натпревари. Не можам да кажам со сигурност колку, ќе видиме. Тој е човек кој е секогаш во форма и јасно е дека ќе ни недостасува“, рече менаџерот Рубен Аморим.
Фернандеш сигурно нема да биде во комбинација за претстојниот дуел против Њукасл на домашен терен, а за понатаму ќе се знае по дополнителните информации. Најлошите прогнози велат дека тој ќе биде надвор од екипата околу еден месец. На мечот со Њукасл, Јунајтед ќе биде без седуммина фудбалери кои се повредени, суспендирани или имаат обврски кон репрезентациите.