Никој не го запира: Кејн урна рекорд стар две децении во Бундес лигата

Англискиот напаѓач Хари Кејн уште еднаш испиша историја во германскиот фудбал и потврди дека е еден од најдобрите во светот.

Кејн постигна гол против Хајденхајм со што постави нов рекорд во Бундес лигата, затоа што на 78 настапи учествуваше во постигнување на вкупно 100 погодоци.

Искусниот голгетер за 78 настапи за баварскиот гигант дури 81 пат се запиша во листата на стрелци, а исто така асистираше при 19 погодоци.

Претходниот рекорд го постави Арјен Робен во 2004/05 година кој стигна до него за 119 настапи во елитата.

Фото: Facebook/Bayern Munich